• недела, 24 ноември 2024

Деловен појадок на Македонско-германското стопанско здружение со премиерот Мицкоски

Деловен појадок на Македонско-германското стопанско здружение со премиерот Мицкоски

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Повеќе од 100 менаџери на германски, македонски и други интернационални компании кои се лидери во стопанството во земјава ќе учествуваат на деловниот појадок со премиерот Христијан Мицкоски што го организираат Делегацијата на германското стопанство АХК, дел од мрежата на германските комори во странство, и Македонско-германското стопанско здружение.

Настанот ќе го отвори  директорката на АХК, Антје Ванделт, потоа ќе се обрати претседателката на Македонско-германското стопанско здружение, Мирјана Симоновска Ќука, а премиерот Мицкоски ќе говори за економските и финансиските политики на Владата.

На настанот ќе присуствуваат и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, директорите на ТИРЗ Гоце Димовски, на УЈП Елена Петрова и на Царинска управа Бобан Николовски.

Според најавите од АХК, пред официјалниот почеток на настанот изјава за медиуми ќе дадат директорката на Германската стопанска комора Ванделт и премиерот Мицкоски.вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан