• четврток, 26 декември 2024

Делницата Велес - Градско втор ден затворена за сообраќај поради асфалтирање

Делницата Велес - Градско втор ден затворена за сообраќај поради асфалтирање

Велес, 17 август 2023 (МИА) - Втор ден, од 8 до 16 часот, поради асфалтирање е затворена за сообраќај делницата Велес - Градско, односно Стариот пат.

Поради асфалтирање на патот жителите од Градско кои работат во Велес и обратно велешани кои работат во Градско реагираат бидејќи мора  да патуваат преку автопат и да плаќаат патарина која чини 60 денари во еден, односно 120 денари во два правци.

Тие реагираат до надлежните, бидејќи за време на реконструкција на Стариот пат,  а тое е  веќе скоро една година, не име понудено друго алтернативно решение, па мора да плаќаат патарина. ад/

Фото:МИА

 

Остани поврзан