• сабота, 23 ноември 2024

Деле Али: Бев сексуално вознемируван на шестгодишна возраст

Деле Али: Бев сексуално вознемируван на шестгодишна возраст

Ливерпул, 13 јули 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Евертон, Деле Али, проговори за своето тешко детство. Тој признал дека бил сексуално вознемируван на шестгодишна возраст.

 

- Бев сексуално вознемируван на шестгодишна возраст. Мајка ми беше алкохоличар. На седумгодишна возраст почнав да пушам, на осум се занимав со тргување со дрога, затоа што полицијата не ги запира или проверува децата. На 12-годишна возраст бев посвоен од прекрасно семејство, изјави Али за „The Overlap“.

 

Фудбалерот исто така изјави дека на почетокот на оваа година бил примен во центар за рехабилитација на шест недели поради зависност од апчиња за спиење и алкохол.

 

Деле Али минатата сезона ја помина на позајмица во Бешикташ. За турскиот клуб има 15 натпревари на кои постигна три гола. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан