Делегација од Општина Берово во посета на турската општина Буџа
- Делегација од Општина Берово викендов е во посета на турската општина Буџа. Посетата, како што информираа од Општината, се реализира на покана на градоначалникот на општина Буџа, Измир, Репуб
Берово, 15 октомври 2022 (МИА) - Делегација од Општина Берово викендов е во посета на турската општина Буџа. Посетата, како што информираа од Општината, се реализира на покана на градоначалникот на општина Буџа, Измир, Република Турција.
- Денеска делегација од општина Берово, беше срдечно пречекана од страна на заменик градоначалникот Бариш Озречбер.Со градоначалникот Звонко Пекевски главна тема на разговор беа различни теми од културно-општествените сфери, размена на искуства, при што е договорено продлабочувањ на соработката во спортот и културата, информираа од Општина Берово.
Во наредниот период, како што додаде градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, планирано е збратимување на двете општини.
- Заедничката меѓународна соработка, ќе ја продолжиме и со збратимување на двете општини, што ќе ни овозможи и заедничко аплицирање на одредени повици за финансирање, додаде Пекевски.
Од страна на заменик градоначалникот, делегацијата на Општи а Берово е поканета да учествува на балканскиит младински фестивал, кој ќе се одржи во тек на месец април, наредната година. вс/мс/