• недела, 24 ноември 2024

Делегација од БДС во Сараево на свечена академија по повод 110 години од основањето на хуманитарната организација „Мерхамет“

Делегација од БДС во Сараево на свечена академија по повод 110 години од основањето на хуманитарната организација „Мерхамет“
Скопје, 3 февруари 2023
Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац и претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Северна Македонија Џеват Хот во Сараево присуствуваа на свечана академија по повод големиот јубилеј - 110 години од основањето на хуманитарната организација „Мерхамет“.
 
На свеченоста присуствуваа бројни истакнати личности од политичкиот, културниот и општествениот живот на Босна и Херцеговина и регионот. Во таа пригода, претседателот на БДС, Колашинац оствари неколку значајни средби при што соговорниците ги запозна со активностите на БДС, како и со состојбата на Бошњаците во Северна Македонија.
 
Инаку, хуманитарната организација Мерхамет во Сараево цели 110 години активно спроведува хуманитарни активности и уште од своите почетоци настојува да го зачува достојанството и дигнитетот на Бошњаците.
 
Мерхамет храни околу 8.000 луѓе во своите народни кујни ширум Босна и Херцеговина. Покрај тоа им помага на луѓето кои живеат далеку од народните кујни. 
 
 
Оваа организација е основана во Сараево во 1913 година.
 
Мерхамет е огледало на душата на својот народ, е реченица која неретко се слуша низ сараевската чаршија, а доспева до многу луѓе ширум Балканот, но и светот.
 
Бошњачкиот демократски сојуз (БДС)

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан