• среда, 18 декември 2024

Делегација на Хамас утре во Каиро за договорот за прекин на огнот и заложниците

Делегација на Хамас утре во Каиро за договорот за прекин на огнот и заложниците

Газа, 29 ноември 2024 (МИА) – Делегација на Хамас утре ќе пристигне во Каиро на разговори со египетските власти за прекин на огнот, изјави високиот функционер на групата Басем Наим.

Соединетите Американски Држави пред неколку дена соопштија дека ќе почнат нови разговори со Катар, Египет и Турција, со цел да ги обноват преговорите за ослободување на заложниците во Газа и договор за прекин на огнот, по примирјето меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах.

„Њујорк тајмс“ вчера објави дека Хамас покажува „зголемена флексибилност во преговорите“ за долго закочениот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа. јт/

Остани поврзан