• вторник, 12 ноември 2024

Делегација на Општина Делчево присуствуваше на Велигденска богослужба во православната црква „Св.Никола“ во Луксембург

Делегација на Општина Делчево присуствуваше на Велигденска богослужба во православната црква „Св.Никола“ во Луксембург

Делчево, 7 мај 2024 (МИА) – Делегацијата на Општина Делчево ја заврши посетата на Луксембург, која на покана на македонски иселеници присуствуваше на Велигденската богослужба која се одржа во православната црква „Св.Никола“, во градот Вил-Ла-Тур (Weiler-la-Tour) во Луксембург.

Во рамки на посетата, која градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и советникот за Локален економски развој Тони Стоименовски ја остварија со иселениците, се разговарало за потребите и проблемите кои ги имаат иселениците при нивниот престој во Делчево, претставени биле сработените проекти од страна на општината и идните планови во делот на инфраструктурата.

– Меѓу останатото разговарано е и со заинтересирани сограѓани од Луксембург за можностите за инвестирање во Делчево. Со градоначалникот Трајковски остваривме средба и со амбасадорот на РСМ во Брисел,  на која исто така разговаравме и за потребите и проблемите на Македонците во овој дел од Европа, истакна Стоименовски.

Како што информираше советникот за локален економски развој, иселениците ја истакнале идејата и иницијативата за отварање на здружение кое ќе ја зголеми соработката на дијаспората од Луксембург со Делчево.

Додаде дека во рамки на посетата биле посетени значајни културно-историски знаменитости и институции на Луксембург, а во знак на благодарност за поканата, Трајковски на свештенството при црквата „Св Никола“ доделил пригодни подароци. вс/ра

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан