• среда, 27 ноември 2024

Делегација на Општина Делчево гости на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар, Црна Гора

Делегација на Општина Делчево гости на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар, Црна Гора

Делчево, 25 ноември 2024 (МИА) - На покана на Општина Бар, делегација на Општина Делчево присуствуваше на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар, соопшти денеска градоначалникот на Општината, Горан Трајковски.

Во рамки на посетата Трајковски остварил средба со градоначалникот на Бар, Душан Раичевиќ.

-На средбата разговарав за продлабочување на пријателството и понатамошен развој и соработка во сите области. Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи, при што општините имаат особено важна улога и одговорност, изјави Трајковски.

Во име на општина Делчево и од негово лично име како градоначалник тој им го честитал празникот на градот - 80 години од неговото ослободување. 

-Оваа средба е од големо значење за нас и претставува уште еден чекор во зајакнувањето на односите помеѓу нашите општини и развивање на меѓусебната соработка. Ова е можност да споделиме идеи, искуства и визии кои не водат до заеднички цели. Верувам дека преку отворен и конструктивен дијалог ќе ги поставиме основите за нови проекти и иницијативи кои ќе придонесат за развојот на двете општини. Нека е честит Денот на ослободување на Бар, додаде Трајковски.

Во рамки на посетата, делегацијата од Општина Делчево остварила средба и со македонскиот амбасадор во Црна Гора Зекир Рамчиловиќ. вс/мд/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан