• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Делегација на општина Дебар положи цвеќе на спомен плочата во градскиот парк по повод независноста на Косово

Делегација на општина Дебар положи цвеќе на спомен плочата во градскиот парк по повод независноста на Косово

Дебар, 17 февруари 2025 (МИА) - По повод 17- годишнината од независноста на Косово, делегација на општина Дебар, предводена од градоначалникот Хекуран Дука положи цвеќе на спомен плочата во градскиот парк.

Плочата е поставена од косовски граѓани во знак на благодарност кон градот кој прими стотици бегалци за време на косовската војна.

На плочата пишува " Март-јуни 1999 година Дебар беше мало Косово и Косово негова рана".

-Денеска го славиме еден од најважните денови во историјата на нашата нација,  17-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово! На 17 февруари 2008 година се оствари сонот на многу генерации и Косово беше прогласено за слободна, независна и суверена држава, напиша Дука во објава на Фејсбук. 

Со Дука беа и претседателот на Советот на општината Фуат Спахиу и Башким Машкули, член на Советот. вт/сст/

 

Остани поврзан