• среда, 18 декември 2024

Делегација на Општина Битола во посета на збратимениот француски град Епинал

Делегација на Општина Битола во посета на збратимениот француски град Епинал

Битола, 8 декември 2024 (МИА) - Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, заедно со секретарот Борче Димитровски и почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, престојува збратимениот град Епинал каде се слави тамошниот верски празник и патрон на градот Св. Никола.

Од Општина Битола соопштија дека за време на посетата макеедонската делегација заедно со збратимените градови на Епинал од Германија, Белгија и САД оствари посети на општински институции, старт-ап инкубатори и други структури каде се реализираат проекти иницирани од локалната власт.

-Размената на искуствата и добрите практики со оваа француска општина претставуваат одлична можност за обезбедување одржливо партнерство, но и примена на искуствата во некои сегменти од функционирањето на Општина Битола. Во духот на веќе докажаната соработка се одвиваа официјалната и останатите бројни средби со градоначалникот на Епинал, Филип Нарден и дел од неговите најблиски соработници. Акцентот во разговорите се стави на две значајни теми за Општина Битола, а тоа се цивилната заштита, односно опремувањето на новата зградата за противпожарна заштита која е во изградба како и урбаната мобилност, во која Епинал има исклучителни резултати на европско ниво, информираа од Општина Битола.

Како што е познато, Битола и Епинал ги врзуваат 56 години пријателство и тоа е најдолгото збратимување помеѓу македонски и француски град. мт/лв/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан