• четврток, 26 декември 2024

Делегација на „Мал битолски Монмартр“ на прием кај градоначалникот Тони Коњановски

Делегација на „Мал битолски Монмартр“ на прием кај градоначалникот Тони Коњановски

Битола, 19 април 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари средба со претседателката на Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, Славчо Неделковски.

Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека градоначалникот Коњановски е поканет да биде покровител на 42. издание на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр“ што ќе се одржи од 23 до 30 мај во Битола.

Општина Битола преку Програмата за култура за „Мал битолски Монмартр“ додели 300.000 денари, во знак на поддршка на културните настани кои се промотори на Битола во светски рамки. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан