• среда, 25 декември 2024

Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев 

Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев 

Скопје, 4 мај 2024

Денес, делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата, Реџеп Исмаил-Хактан, заедно со уште двајцата соборци како членови на Централниот комитет на Левица, Александар Димитриевиќ и Мери Георгиевска, положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската националноослободителна борба - Гоце Делчев.

Во овој историски момент, како никогаш досега во историјата од независноста на Македонската држава, од страна на домашните квислинзи и вазали, а во спрега со странски емисари и останати империјалистички намесници, загрозени се фундаментите на националната свест на Македонскиот народ. Еден таков пример е токму т.н. Француски предлог со кој квислиншката власт, во име на некаквиси „европски вредности“, задоволувајќи ги великобугарските апетити, наметнуваат политики кои директно го сквернават ликот и делото на бастионот на македонската национална свест, Гоце Делчев.

Оттука, уште еднаш ги повикуваме сите политички чинители во Македонија да ги поддржат црвените линии утврдени во петте точки од нашата Македонска платформа, со што ќе ставиме до знаење на сите, како странски, така и на домашни поткопувачи на македонската државност, дека повеќе не се прифатливи никакви уцени и компромиси на штета на македонските национални интереси, сè со цел да се запре понатамошното разградување на Републиката.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Фото: Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан