• недела, 24 ноември 2024

Делегација на ЛДП предводена од претседателката Зајкова на Конгресот на АЛДЕ во Стокхолм 

Делегација на ЛДП предводена од претседателката Зајкова на Конгресот на АЛДЕ во Стокхолм 

Скопје, 28 мај 2023

„Единство за перспективна и прогресивна Европа" е пораката на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) каде на конгресот во Стокхолм присуствуваше и делегација на ЛДП предводена од претседателката на Либерално-демократска партија, Моника Зајкова.

-ЛДП како дел од семејството на АЛДЕ, стои цврсто во убедувањето дека посилна, поинклузивна Европска унија ја вклучува и Македонија. Да ги обединиме нашите либерално-демократски вредности и да работиме кон нашата заедничка визија за просперитетна, демократска Европска унија која поддржува различности и успешно се бори со популизмот и недемократските режими, вели Зајкова.

Таа додаде дека во изминатите два дена на средбите и дискусиите со претставниците на либералното семејство се истакнала потребата за енергична Европа која ги поддржува демократските вредности и поддржува политики за економски раст и развој и праведност.

-Моќта на жените во обликувањето на нашата иднина е клучот за демократијата. Ова е единствена можност либералите обединети  да соработуваат по однос на обликувањето на иднината на Европа.

Зајкова за време на конгресот се сретна со поранешниот премиер на Белгија и европратеник Гај Верхофстадт, со Вера Јоурова, потпретседателката на Европската комисија, поддршка на европските перспективи на земјава доаѓаат и од Маргрете Вестагер, извршната потпретседателка на Европската комисија, како и со Олга Стефанишина, вицепремиерка на Украина задолжена за европска и евроатланска интеграција и со Ромина Пурмохтари, министерката за клима и животна средина на Шведска со која се разговараше за важноста на Зелениот договор.

На конгресот на АЛДЕ една од темите беа и приоритети за претстојните европски избори, иднината на либерал-демократите, резолуциите за Западен Балкан и Европската Унија.

Владеењето на правото, борбата против корупција, влијанието на климатските промени, безбедноста на државите, заштита на човековите права, како и проширувањето на ЕУ се меѓу најважните точки на агендата на АЛДЕ. Ова беа приоритети и на Шведското пријателство кое завршува на 30 јуни.

Конгресот на партијата АЛДЕ ја опфаќа нашата визија: Европа сме сите заедно, Европската унија треба да се прошири со нашите земји час поскоро.  Европа обновена, обединета со заеднички либерално-демократски вредности. Обединети, Храбри и гласни е пораката која од Скопје до Европа ја испрaти Зајкова.

Либерално демократска партија

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ЛДП

Остани поврзан