• недела, 17 ноември 2024

Делегација на ЕУ во Тирана: Ниту ЕУ, ниту ЕК се вклучени во подготовката на закон за легализација на марихуаната

Делегација на ЕУ во Тирана: Ниту ЕУ, ниту ЕК се вклучени во подготовката на закон за легализација на марихуаната
Тирана, 9 мај 2020 (МИА) - Делегацијата на ЕУ во Тирана, по изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека во консултација со меѓународни  експерти се подготвува закон за легализација на марихуната за медицински цели, соопшти дека во тоа не се вклучени ниту Европската унија, ниту Европската комисија. „По барањата на некои медиуми, сакаме да разјасниме дека Европската комисија и Делегацијата на ЕУ ниту биле консултирани, ниту, пак, биле вклучени во подготовката или консултациите за нацрт-законот за одгледување и легализација на марихуана во Албанија за медицински цели, се наведува во соопштението на делегацијата. Како што јави дописничката на МИА од Тирана, на објавата веднаш реагираше лидерката на третата по големина политичка партија во земјата, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади, која тоа го оцени како дистанцирање од изјавата на Рама. - Ракоплескање EUinAlbania за јасното дистанцирање од дезинформациската кампања на @Ediramaal во злоупотребата на имиџот на ЕУ за да се оправда повторната канабизација на земјата за изборен ефект. Албанскиот народ бара и заслужува да живее според стандардите на ЕУ. Затоа, ние охрабруваме вакви вредни ставови за јавноста и нивната доверба во независните институции на ЕУ, напиша Круемади на Фејсбук. Таа додава дека заедно ќе се борат против дезинформациите за да им обезбедат на Албанците власт која ќе ги реализира 15-те услови за интеграција и ќе го носи напред нивниот европски сон. вт/    

Остани поврзан