• сабота, 06 декември 2025

Делегација на Агенцијата за иселеништво на средба со претставници на здружението „Македониум“ во Брисел 

Делегација на Агенцијата за иселеништво на средба со претставници на здружението „Македониум“ во Брисел 

Брисел, 9 јуни 2025 (МИА) - Делегација на Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Горан Ангелов денеска во просториите на Македонската амбасада во Брисел се сретна претставници на Културно-спортското и религиозно друштво „Македониум“, предводена од неговиот претседател Габриел Боцевски. 

На средбата, организирана од вршителот на работите во Амбасадата, Сузана Мехмеди, стана збор за дејноста на ова здружение на македонските иселеници во Белгија, како и за функционирањето на Македонската православна црковната општина „Св. Пророк Илија - Св. Архангел Михаил“, која е дел од Европската Епархија на МПЦ-ОА. 

Претставниците на здружението изразија загриженост околу регистрација на Црковната општина во Белгија, што зависи од претставникот на Цариградската патријаршија за Бенелукс, митрополитот Атенагорас.  

Во моментов Црковната општина организира богослужби за позначајните празници, како Божик и Велигден, и за чествување на нејзиниот патрон Св. Архангел Михаил, во изнајмени верски објекти. 

Претставниците на „Македониум“ посочија дека во услови кога бројот на македонски иселеници во Белгија постојано расте, нивната организираност е од големо значење за остварување на нивните права, како и за промовирање на македонската култура и традиција. 

Ангелов и Мехмеди информираа за поддршката кон иселениците од страна на матичната држава, секој од аспект на своите надлежности, пред се во насока на зацврстување на врските и воспоставување на континуирана соработка. 

Во знак на благодарност за можноста за остварување на средбата, Ангелов на претставниците на друштвото им подари теракотна икона и државни македонски знамиња. 

Во состав на делегацијата на КСРД „Македониум“ на средбата беа и неговиот потпретседател Стив Веселинов, секретарката Јована Денковска и Даниела Веселинова. сп/ев/

Фото: ФБ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан