• сабота, 23 ноември 2024

Делегацијата на БЈБ учествуваше во изборот на новото раководство на ИНТЕРПОЛ

Делегацијата на БЈБ учествуваше во изборот на новото раководство на ИНТЕРПОЛ

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - На последниот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, што се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се одржаа избори за позициите потпретседатели на ИНТЕРПОЛ за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ за Европа, Америка и Азија.

Како што соопшти МВР, македонската делегација предводена од директорот на БЈБ Александар Јанев учествувала во процесот на изборите за наведените позиции.

Од страна на нашата делегација биле изразени честитки на новоизбраните потпретседатели и членовите на извршниот комитет со искрени заложби за воспоставувње нова заедничка визија и продлабочена меѓусебна соработка во насока на сузбивање и намалување на транснационалниот и трансконтиненталниот криминал во глобални рамки, стои во соопштението.

Завршно обраќање на делегатите по повод затварањето на 92 то Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ имал членот на Кралското семејство принцот Едвард, Војвода од Единбург.

Македонската полиција продолжува со своите заложби да биде силен и стабилен партнер со полициите од светот, да ја зајакнува меѓународната соработка и да дава значителен придонес во глобалната безбедност, стои во соопштението на МВР. нд/ац/

Фото: МВР

Остани поврзан