• среда, 27 ноември 2024

Декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија

Декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија
Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер, денеска ќе потпишат Заедничка декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, потпишувањето ќе се одржи преку видео врска, заради епидемиолошките услови, а на свечената церемонија во Скопје ќе присуствува и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн.

Северна Рајна-Вестфалија со население од речиси 18 милиони граѓани, е најголема германска покраина по број на жители и е седиште на бројни водечки, не само германски, туку и европски индустриски и бизнис капацитети.

Од МНР велат дека со потпишувањето на Заедничката декларација се очекува дополнително зацврстување на позицијата на Сојузна Република Германија, како најважен надворешно-политички и економско-трговски патрнер на Република Северна Македонија, како и еден од трите најзначајни инвеститори на нашиот пазар.бт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан