• четврток, 26 декември 2024

Декларацијата за поддршка на територијалниот интегритет на Украина пред Комисијата за надворешна политика

Декларацијата за поддршка на територијалниот интегритет на Украина пред Комисијата за надворешна политика
Скопје, 1 март 2022 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. Предлог Декларацијата на Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е на дневен ред на Комисијата за надворешна политика. Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка. На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ" бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на РСМ" бр.275/19, 14/20 и 215/21) и член 2 од Закон за минимална плата во Република Северна Македонија („Службен весник на РМ" бр.11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија " бр.124/19 и 239/19), поднесено од градоначалникот на Општина Богданци, Барањето за давање на автентично толкување на член 38 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.05/02), поднесено од градоначалникот на Општина Свети Николе и Барањето за давање на автентично толкување на член 244 ставови (1) и (3) од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија" број 150/10, 100/12, 142/16 и 198/18), поднесено од пратеничката Ане Лашкоска. дма/са/

Остани поврзан