• недела, 24 ноември 2024

Дезинформациите за Ковид-19 скапо го чинат Спотафај

Дезинформациите за Ковид-19 скапо го чинат Спотафај
Стокхолм, 3 февруари 2022 (МИА) - Музичкиот стриминг гигант Спотафај ја намали својата прогноза за првиот квартал, по наводните дезинформации за Ковид-19, емитувани на платформата, јави ДПА. Акциите на компанијата првично паднаа за повеќе од 17 отсто во првичната реакција на вчерашната објава, пред да се стабилизира на нешто повеќе од осум проценти во претпазарното тргување денеска. Спотафај очекува да има 418 милиони месечно активни корисници на крајот од првиот квартел. Од таа бројка, 183 милиони се очекува да бидат корисници што ќе плаќаат. Аналитичари очекуваа повеќе. Сервисот укажа на силен перформанс во претходниот квартал, со тоа што дел од очекуваниот раст, дојде порано. Спотафај неодамна се најде во негативни наслови на статии, откако музичари како Нил Јанг и Џони Мичел, ги повлекоа песните од стриминг сервисот, во знак на протест. Се вели дека толеранцијата на Спотафај, за Ковид-19 дезинформации во некои подкастови, става во ризик  нечии животи. Бесот на Јанг и Мичел е насочен кон популарниот подкаст на Џо Роган, што сега може да се слуша само на Спотафај, откако потпиша ексклузивен договор вреден 100 милиони долари. Спотафај, последователно, ги објави плановите за означување на објавите за Ковид-19 со известување што води до научно издржани информации од сигурни извори. Ниту една друга платформа за подкаст не оди толку далеку, истакна основачот и главен извршен директор, Даниел Ек во разговор со аналитичари. Ек го гледа потенцијалот на Спотафај да достигне една милијарда корисници. Во изминатиот квартел, бројот на претплатници се зголеми од 172 на 180 милиони, за само три месеци. Вкупниот број на корисници порасна од 381 на 406 милиони, додека приходите скокнаа 24 отсто на годишно ниво последниот квартел, на речиси 2.7 милијарди евра. бд/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан