• сабота, 27 јули 2024

Дезинфекција на улиците во Старата скопска чаршија

Дезинфекција на улиците во Старата скопска чаршија
Скопје, 18 март 2020 (МИА) - Град Скопје денеска спроведе акција за дезинфекција на Старата скопска чаршија, со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија дезинфекција на сите внатрешни улици и делови од чаршијата, со употреба на специјално комунално возило за оваа намена, соопшти прес-службата на Град Скопје. Се додава дека активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот. нд/скс/

Остани поврзан