• вторник, 12 ноември 2024

Дезинсекција во Тетово по третпат во петок

Дезинсекција во Тетово по третпат во петок

Тетово, 29 август 2023 (МИА) - Општина Тетово информира дека по третпат ќе се врши дезинсекција во градот за уништување на комарци и други штетни инсекти. Дезинсекцијата ќе се изврши на 1 септември од 22 часот.

- Во петок Д.П.Т.У. „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, во соработка со Општина Тетово, ќе ја реализира третата терестичка дезинсекција на подрачјето на градот за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници. Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 22 часот, до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер, дезинсекцијата се одложува за утредента, или, евентуално, за некој нареден ден со поволни временски услови, информираат од локалната самоуправа.

Од Општината ги повикуваат граѓаните кои се занимаваат со пчеларство, да преземат заштитни мерки, засолнување на пчелите во нивните сандаци, обезбедување на потребната количина на вода, држење на пчелите затворени најмалку 5-6 часа по третирањето на територијата.

- За дезинсекцијата ќе се употреби средството AKVA K-OTHRINE 2 EW во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба во однос 50 мл /1л, наведуваат од Општината.

За време на дезинсекцијата, Општината бара од граѓаните да не излегуваат на улица, а автомобилите да се отстранат од тротоарите и пред зелените површини, со цел екипите да можат непречено да работат. ас/бд/

Фото: Архива

Остани поврзан