• среда, 25 декември 2024

Девет нови лекови на Позитивната листа 

Девет нови лекови на Позитивната листа 

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Девет лекови, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија  и деменција, стануваат дел од Позитивната листа.

Како што информира денеска министерот за здравство Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови.

- Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, посочи Таравари.

Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.

- Ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа, потенцира Таравари.

Воедно, ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа. ар/бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан