• недела, 28 јули 2024

Девет морнари од носачот на авиони Теодор Рузвелт се хоспитализирани поради Ковид-19

Девет морнари од носачот на авиони Теодор Рузвелт се хоспитализирани поради Ковид-19
Вашингтон, 22 април 2020 (МИА) - Девет морнари од американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт се во болница, каде се лекуваат од новиот коронавирус. Повеќе од 4.100  од 4.800 членови на екипажот на бродот се во карантин, а 710 од нив се позитивни на Ковид-19. Во соопштението на американската морнарица се наведува дека само 42 морнари се излекувани од Ковид-19, а еден почина, откако носачот на авиони пристигна во Гвам, пред 3,5 недели. ми/

Остани поврзан