• петок, 27 декември 2024

Девет деца хоспитализирани поради труење со хлор во Сибир

Девет деца хоспитализирани поради труење со хлор во Сибир
Омск, 3 јануари 2022 (МИА) - Обвинителството во Омск истражува инцидент поради девет малолетни деца кои беа хоспитализирани поради сомневање за труење со хлор по посетата на фитнес центар во градот Омск во Западен Сибир, соопшти денеска Канцеларијата на Обвинителството во Омск. „Обвинителството на областа Киров во Омск започна истрага за информациите за девет малолетници кои беа хоспитализирани поради сомневање за труење со хлор по посетата на фитнес центар во Омск на 2 јануари“, се вели во соопштението на прес-службата. Извор од локалната служба за итни случаи изјавил за агенцијата ТАСС дека неколку семејства одмарале во фитнес центар во Омск, а утрото девет тинејџери биле пренесени во болниците во Омск со знаци на труење со хлор. Како што се наведува, сите се хоспитализирани. паг/

Остани поврзан