Деветто зимско искачување на врвот Клепа во чест на прерано загинатите планинари Калина и Александар
- – Спортското планинарското еколошко друштво „Клепа“ од Росоман заедно со Еколошката групација „Грин Пауер„ Клубот на планинарски спортови „АЗОТ„ од Велес и Општините Росоман и Градско денеска го организираат деветтото традиционално зимско искачување на врвот Клепа на 1150 метри надморска височина.Учествуваа 350 планинари и рекреативци љубители на природата од:Росоман,Сирково,Градско,Велес, Скопје,Гевгелија,Демир Капија,Неготино и Кавадарци. Како и во изминатите и оваа година искачувањето беше во чест на прерано и трагично загинатите Калина Велеска и Александар Миновски кој учествуваа на првото зимско искачување на Клепа,а само неколку дена потоа трагично загинаа на 11 февруари 2018 година при освојување на врвот Кајмакчалан.
Велес, 8 февруари 2026 (МИА) – Спортското планинарското еколошко друштво „Клепа“ од Росоман заедно со Еколошката групација „Грин Пауер“, Клубот на планинарски спортови „АЗОТ“ од Велес и Општините Росоман и Градско денеска го организираат деветтото традиционално зимско искачување на врвот Клепа на 1150 метри надморска височина.
Учествуваа 350 планинари и рекреативци љубители на природата од: Росоман, Сирково, Градско, Велес, Скопје, Гевгелија, Демир Капија, Неготино и Кавадарци. Како и изминатите и оваа година искачувањето беше во чест на прерано и трагично загинатите Калина Велеска и Александар Миновски, кои учествуваа на првото зимско искачување на Клепа, а само неколку дена потоа трагично загинаа на 11 февруари 2018 година при освојување на врвот Кајмакчалан.
Како што информира за МИА Оливер Христов од СПЕД „Клепа“, учесниците утрово тргнаа од селото Сирково кон селото Подлес, а по пат ја посетија и „Шумата на Калина и Александар“. На вториот дел од патеката учесниците се качуваа на релација од село Подлес до врвот Клепа на 1150 метри надморска височина, по што се спуштија надолу по стрмен терен се до манастирот „Свети Архангел Михаил“ кај село Долно Чичево. Таму сите се собраа во конаците на заедничко дружење со ручек, кој им го подготвија припадниците на Логистика на Армијата и со домашна храна од домаќинките на село Сирково. Патеката е долга 19,3 километри со 880 метри висинска разлика.

- Целта на акцијата е пред се меморијална, за да се оддаде почит на прерано загинатите планинари Калина и Александар кои трагично загинаа при освојување на врвот Кајмакчалан. Да се промовира качувањето на врвот Клепа, како и за привлекување на нови учесници рекреативци, планинари и љубители на природата. Да се манифестира заедничка соработка помеѓу планинарските клубови и друштва со Општините Росоман, Градско и Велес и двете општини Росоман и Градско, појасни Христов.
На заедничкиот ручек со дружење беа врачени и благодарници на организаторите - спортско планинарските друштва, како и за поддршката на припадниците на Логистиката на Армијата, винариите „Стоби“, „Мовино“ „Тиквеш“ и на градоначалниците на Општините Градско и Росоман.
Организаторите за десеттото јубилејно зимско искачување на врвот Клепа најавија обновување на „Шумата на Калина и Александар“ со засадувањенови садници на дрвца и поставување спомен-обележје во чест на Калина и Александар. ад/мд/
Фото: СПЕД „Клепа“