• четврток, 19 декември 2024

Деветнаесетгодишно момче починало од струен удар

Деветнаесетгодишно момче починало од струен удар

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Во СВР Скопје синоќа во 23.43 часот  било пријавено дека на домашна забава во скопско Радишани од струен удар починало 19-годишно момче Љ.Љ.од Скопје.

-Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти МВР во полицискиот билтен. 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан