• среда, 25 декември 2024

Дебрани спречени во обид на шверц на добиток кон албанска територија

Дебрани спречени во обид на шверц на добиток кон албанска територија

Дебар, 15 декември 2023 (МИА) – По неколкуте случаи на спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија, од страна на албанската гранична полиција, вчера обид за шверц на добиток спречиле и македонските полициски службеници.

-Вчера околу 17:40 часот, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад ги лишија од слобода О.З(44) и еден малолетник, двајцата од Дебар поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 од Кривичниот законик - „криумчарење“ со жив добиток преку државна граница, информираше  Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Спорд него, тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Двајцата дебрани се обиделе да прошверцуваат неколку телиња со поголема тежина.

Деновиве ваков случај беше откриен во селото Рајце, кај Пермет, кое е во погранично село на албанско-македонската граница кај Струга.    Приведен беше И.А. (62) кога албанската полиција го запрела возилото „мицубиши“ со кое управувал и отркила  дека превезува две телиња со поголема тежина. При увид во штала сопственост на приведениот, пронајдени биле уште шест говеда за кои постојат основи на сомненија дека се прошверцувани од македонска територија.

Неодамна пак, албанската гранична полиција приведе две лица, жители на селото Маќелари, кое е во  близина на албанско-македонска граница, кај преминот „Блато“, кои превезувале повеќе грла групен добиток без соодветна документација.

Полициите на двете земји, кои имаат воспотавено добра соработка, посочуваат дека ги засилуваат мерките за спречување на оваа појава, која е зачестена поради повисоката цена на месото во Албанија. вт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан