• четврток, 05 февруари 2026

Деби настап на ЖКК Крива Паланка во ВАБА 2 лигата

Деби настап на ЖКК Крива Паланка во ВАБА 2 лигата

Крива Паланка, 24. септември 2025 (МИА) – Во новата сезона од ВАБА 2 лигата, односно втората женска јадранска лига ќе има и македонски претставник. Тоа е ЖКК Крива Паланка која испрати пријава за учество во ова регионално натпреварување.

За ланскиот финалист од плеј-офот на домашното натпреварување, ова ќе биде историски момент, затоа што за прв пат во своето постоење „излегува“ надвор од границите на нашата држава. Во ова натпреварување ќе играат екипи на Јежица, Илирија, Марибор (Словенија), Брод на Сави (Хрватска), РМУ Бановичи (БиХ), Подгорица (Црна Гора), Клостернбург и УБИ Грац (Австрија).

Првите натпревари кошаркарките на тренерот Виктор Петровски ќе играат викендов на домашен терен. На премиерата во сабота ЖКК Крива Паланка ќе игра против црногорската екипа Подгорица, а следниот ден противник е екипата на РМУ Бановичи.  мн/

Фото: КФСМ

Остани поврзан