• четврток, 26 декември 2024

Дебата 30 години граѓанско општество: НВО секторот даде голем придонес во демократизацијата на општеството

Дебата 30 години граѓанско општество: НВО секторот даде голем придонес во демократизацијата на општеството
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Дебата „30 години граѓанско општество“ посветена на развојот на граѓанското општество, граѓанскиот активизам и трендовите во функционирањето на граѓанските организации во последните 30 години се одржа денеска во Скопје. На настанот беше презентирана анализата „Аналитички осврт на развојот на граѓанското општество од независноста на државата до сега“, подготвена од Наташа Габер Дамјановска. Пред почетокот на дебатата, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски истакна дека ситуацијата во државата и по 30 години „не е многу розова“. - Има многу работи на кои може да се биде горд, бидејќи еден од главните придонеси е токму за демократизацијата на општеството и дека голем е придонесот на граѓанските организации. Потоа, поддршката на ранливите групи, односно кревањето на гласот за нивните права и зголемување на видливоста и секако решевањето на нивните проблеми, од лицата со посебни потреби со хендикеп, родовите прашања итн. Така што има многу што да се пофалиме, но за жал би рекол, недоволно, бидејќи ситуацијата во државата и после 30 години не е многу розова, тоа од една страна отвара уште многу работа, рече Кржаловски. Со последната промена на власта, како што посочи, имаше интересна транзиција - голем дел од лидерите во граѓанскиот сектор се префрлија на владина страна, токму да придонесат со тоа што го говореле или работеле долги години во гаѓанскиот сектор, сега да го спроведат на дело. - Дали е тоа добро или не е прашање на оценка. Но, генерално повеќе го гледам проблемот во самите партии и нивните статути кои се уште не се деморкатски, така да речам, односно форсираат лојалност кон лидерот и партијата, наместо секирации за државата, да попмогнат во развојот на државата, за жал, заради таквата поставеност се прави тој затворен круг и тонеме се повеќе во корумпираност и злоупотреба на фунцкиите на политичарите, истакна Кржаловски. Според аналитичарот Сашо Клекоски, тоа што не влече наназад се политичките партии. - Граѓанското општетво и политичките партии се сестри по правото на здружување, бидејќи ние сите потекнуваме од уставното право на здружување. Ми се чини дека ако се направат два или три чекори напред, со залагање на граѓанското општество и на граѓаните, се прават неколку чекори назад од политиката и такви примери имаме повеќе. Комисијата за недискриминација која беше врв на напорите на граѓанското општество за борба против дискриминацијата, стигнавме до закон, до комисија, меѓутоа кога тоа прејде во државни раце се разводени, се повеќе служи за назначување на заслужни кадри, отколку за вршење на функцијата, рече Клекоски. Клучни поместувања во екологијата, во родовата еднаквост, во статусот на лицата со посебни потреби, смета тој, се направени исклучиво заради притисокот од граѓаснкото општество - Не смееме да го изгубиме оптимизмот и да се бориме понатаму да се подигнат стандардите во земјава, рече Клекоски. Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и поранешен уставен судија вели дека според анализите навистина граѓанските организации успеваат да пробијат, секој во својата област и аспект на интерес, како на пример женските организации, сите организации по однос на правата коишто се гарантирани со законот кој се тангира за нив, бројни други документи, локална самопурава, проекти во соработка со локалната самоуправа... мс/сп/

Остани поврзан