• недела, 24 ноември 2024

Дебата „Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: Европски практики и национални можности“

Дебата „Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: Европски практики и национални можности“
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на Работната група 2 - Социјална политика и вработување (Поглавје 19), која ќе ја одржи десеттата сесија на тема „Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: Европски практики и национални можности“, во организација на Европското движење, преку платформата Зум. Како што најавија организаторите, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и националната координаторка на НКЕУ-МК и професорка на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Милева Ѓуровска, ќе имаат воведни обраќања на темата. Во дебатата ќе бидат вклучени македонски и словачки експерти, универзитетски професори, претставници на Организацијата на работодавачи на Северна Македонија и на Агенцијата за вработување, како и претставници на граѓанскиот сектор. Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој.см/сп/

Остани поврзан