• понеделник, 29 јули 2024

Дебата по повод Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата

Дебата по повод Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата

Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја отвори онлајн дебатата по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата (ИДАХОТ).

На дебатата, како што е најавено, ќе учествуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, пратеничката и членка на Интерпарламентарната група за поддршка на правата на ЛГТБИ заедницата Маја Морачанин, Наташа Бошкова од Коалиција Маргини, Давид Тасевски од Субверзивен фронт и Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Панел-дискусијата се организира во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и на Советот на Европа: Унапредување на различноста и еднаквоста во Северна Македонија.

Овој проект финансиран од ЕУ има за цел да ги зајакне националните и локалните капацитети, како и да ги поддржи тековните реформи во сферата на антидискриминацијата, борбата против говорот на омраза и заштитата на правата на ЛГБТИ лицата во согласност со стандардите и препораките на Советот на Европа, особено на Европската комисија против расизам и нетолеранција, заради поддршка во усогласувањето на законодавството на Северна Македонија со она на ЕУ во областа на човековите права и антидискриминацијата.

Проектот е дел од заедничката програма на ЕУ и на Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“. дма/нд/

Остани поврзан