• среда, 25 декември 2024

Дебата Османи - Таравари: Земјата е на крстопат и требаат уставни измени за да стане дел од ЕУ

Дебата Османи - Таравари: Земјата е на крстопат и требаат уставни измени за да стане дел од ЕУ

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Кандидатите за претседател на државата од колациите Европски фронт, Бујар Османи и од Вреди, Арбен Таравари вечерва во телевизиска дебата ги претставија своите програми и вкрстија ставови за различни прашања. 

На дебатата на ТВ 21 Османи истакна дека овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме. Едниот пат, посочи тој, овозможува бериќетна европска иднина, а другиот пат не носи во изолација, без перспектива и нејасност.

-Овие избори се народен референдум за тоа каква иднина сакаме, се наоѓаме на овој крстопат кој ќе ја определи судбината на луѓето кај нас. Јас овој пат на европска и евро-атлантска интеграција на земјата го почнав пред неколку години, отворив многу интеграциски процеси, раководејќи ги главните интеграциски договори и сакам во улога на претседател да го заокружам најголемиот сон на нашите граѓани односно интеграција во ЕУ, изјави Османи.

Тој додава дека оваа програма ја нарекол „Декалог на европскиот претседател“ бидејќи има десет ветувања, а се основа на три главни столба.

 - Прво, претседателот како компас на гео-стратешката ориентација бидејќи кај нас улогата на претседател е ограничена. Претседателот треба да биде гласот на разумот, треба да биде морална вертикала која ги држи гео- стратешките линии на државата и гледајќи што се случува на политичката сцена, гледајќи ги наративите кои се презентираат во последно време, многу е важно да имаме претседател кој ќе биде чувар на гео-стратешката ориентација. Второ, претседателот како поврзувачко ткиво на политичките и етичките наративи и претседателот како креатор на државен консензу, рече Османи.

Претседателскиот кандидат на ДУИ смета дека Северна Македонија има застој во своето развивање поради перманентните политички и етички кризи и улогата на претседателот е да биде спојувач на овие наративи кои не ретко се противречни. Треба да постои институција, поголем авторитет, вели тој, кој ќе ја спојува политичката сцена и општеството во една меѓуетничка хармонија, меѓу-политичка соработка и евро-атлантска ориентација. 

- Кога сме кај ветувањата, ветувањето број еден што е продолжување на моите постојани обиди е интеграцијата во ЕУ до 2030. Ова е поради фактот што гледам прозорец на можност кој е отворен како резултат на руската агресија во Украина и освестување на ЕУ вклучувајќи ги и граѓаните во ЕУ дека проширувањето на ЕУ е инвестиција во безбедноста на Континентот и овој прозорец на можности нема да трае вечно, ќе се затвори во мигот кога геополитиката ќе омекне. Имајќи предвид дека ЕУ веќе вети за 2030 како прва индикативна година за проширување, јас сметам дека Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и мора да ги отвориме поглавјата, првото поглавје 23-24 или кластерот на фундаменти во 2024, што подразбира уставни измени веднаш по избори, дури пред формирање на Владата и завршување на поглавјата до 2028 година, рече Османи.

Тој додеде дека денеска ЕУ и Парламентот го усвоиле пакетот од две милијарди евра директни грантови за земјите кандидати и 6 милијарди евра во форма на кредити.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА), Аребен Таравари, денеска на прес- конференција во Гостивар, се осврна на именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор на Северна Македони

Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди Таравари ја претстави својата програма со која предвидува излегување од иницијативата “Отворен Балкан“.

И тој смета дека „Македонија се наоѓа на крстосница која е многу важна за иднината на државата бидејќи сме во тројна криза - економска, политичко-уставна и етичка и морална криза“.

- Овие три кризи го имаат поларизирано општеството со што се влијаело во поделбите помеѓу луѓето и општеството и зголемувањето на евроскептицизмот што не е добро за државата а исто така и за минимизирање на либералната демократија. Како претседател на државата ќе се обидам да направам се што е во моја сила за да ја задржам внатрешната кохезија на државата и за да го развивам европскиот пат на Македонија. Нормално, Македонија е домот на сите етникуми кои живеат овде, е мултиетничка држава и затоа експертите кои заедно со мене ја подготвија мојата програма се основат на четири главни столба како што се под еден интеграцијата во ЕУ, второ безбедноста, трето праведна држава и четврто консензуалната демократија, рече Таравари.

Што се однесува до членство во ЕУ, вели дека Македонија по секоја цена треба побрзо да ги започне преговорите со ЕУ.

-Кога го велам ова сакам да нагласам дека мора да се случат уставните измени и евентуално како иден претседател на Македонија ќе настојувам првата моја посета да ја направам во Брисел од каде ќе барам по секоја цена ова да биде последниот услов што и се поставува на Македонија, зборот ми е за француско-германскиот предлог даден во јуни 2022 година. Потоа од мандатарот на кого ќе му го врачам мандатот, ќе барам да осигура дека има мнозинство пратеници, но исто така динамика за реализирање на уставните промени и секако како претседател на државата, повикувајќи се на член 121 од Уставот ќе предложам да се исклучиме од иницијативата „Отворен Балкан“, рече Таравари.

Тој додава дека среќа е што Македонија веќе е дел од НАТО и тоа ни носи безбедност генерално во државата, но, Таравари вели дека не треба да заборавиме дека се уште има надворешни влијанија, главно руски преку Србија.

 Дебатирајќи за влијанијата во државата, Османи рече дека Русија е реална закана.

- Руската федерација е најголемата закана за западниот свет и ова е констатирано, црно на бело во стратешкиот концепт на НАТО. Ова не е политички наратив туку пристап и стратегија на НАТО дека оваа е најголемата закана за нашиот свет. Јас мислам дека Украина е само почетокот на империјалистичките амбиции на Русија, ако победи Русија во Украина, само ќе се претвори во глобална евро-азиска сила и ќе ги почне претензиите кон Запад. Национализмот кој расте во Северна Македонија како резултат на фрустрациите од блокирањето на европскиот пат, мислам дека Руската федерација ја има оваа стратегија, ние сме под сериозна закана, рече Османи.

Посочи дека  НАТО гарантира предвидливост, стабилност и отпор, но посочи дека и Естонија е дел од НАТО, но гради бункери долж границата со Русија. 

Затоа, потенцира, мојот обид како претседател е да бидам компас да не дозволиме скршнувања на геостратешката определба. лв/ев/

ФОТО: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан