• четврток, 26 декември 2024

Дебата на АДКОМ и ЈКП за проблемот со високите сметки за струја

Дебата на АДКОМ и ЈКП за проблемот со високите сметки за струја
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија и Јавните комунални претпријатија денеска ќе ја одржат последна дебата за решавање на проблемот со високите сметки за електрична енергија. Како што информираат од АДКОМ, целта на дебатата е да се предупредат надлежните институции на исклучително алармантната состојба во јавните комунални претпријатија која може да доведе до несогледливи последици и опасност да не можат да ја извршат основната задача, граѓаните да добијат квалитетна вода за пиење и да имаат здрава животна средина. Според најавит на организаторите, на дебатата се очекува да присуствуваат членовите на Управниот и Надзорниот одбор на АДКОМ, директорите на ЈКП, претставници од Владата на Република Северна Македонија, претставници од ресорните министерства во склоп на Владата, претставници од РКЕВУ, ЗЕЛС, СУТКОЗ, КСС, членовите на Работната група за комунални дејности во склоп на АДКОМ.фф/са/

Остани поврзан