• четврток, 26 декември 2024

Дебата „Локални иницијативи за глобални чекори“

Дебата „Локални иницијативи за глобални чекори“

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Европското движење (ЕММК) денеска во Скопје ја продолжува традицијата на организирање дебати од циклусот на настани „Кафе Европа“ со кафе-дебатата на тема „Локални иницијативи за глобални чекори“.

На дебатата, како што информираат од ЕММК, ќе учествуваат министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, амбасадорот на Словачка во државава Хенрик Маркуш, претставници на граѓански здруженија, на дипломатски претставништва и членови на ЕММК.

-Имајќи ја предвид природата на ваквите настани каде се дискутира на спонатан начин (без однапред подготвени говори) се чини сосема погодна темата која ги отвора прашањата за насоките на преземените иницијативи на локалните заедници, оние запишани во развојните планови, но и оние кои конкретно се преземаат. Не оддалечувајќи се од реалниот живот во локалните заедници и имајќи го предвид сознанието дека глобалните чекори се прават во локалните средини, се очекува на дебатата да бидат споделени определени искуства во врска со реалните и искористените можности на нашата земја: еколошките, економските, урабните, руралните, спортско-рекреативните и други, се вели во најавата за настанот од ЕММК.фф/лв/

Фото: Фејсбук на Европско движење (ЕММК) 

 

Остани поврзан