• четврток, 26 декември 2024

Дебата за улогата на граѓанското општество во односите меѓу Севeрна Македонија и Бугарија

Дебата за улогата на граѓанското општество во односите меѓу Севeрна Македонија и Бугарија

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Евротинк - Центар за европски стратегии денеска организира дебата на тема „Улогата на граѓанското општество во односите помеѓу Севeрна Македонија и Бугарија”.

Дебатата е во рамки на проектот „Поврзување на граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија”, поддржан од Чешката амбасада во Скопје.

-Кафе дебатите се предвидени да послужат како кратки неформални дискусии, за да се олесни комуникацијата околу чуствителни теми во двете општества, наведува Евротинк во најавата за настанот.

Говорници на дебатата се чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, извршниот директор на Евротинк - Центар за европски
стартегии Димитар Николовски, Вања Петрова, постар аналитичар, Економска програма од Центарот за проучување на демократијата, Бугарија, Никица Корубин, поранешна пратеничка и Илина Мангова од Меѓународен републикански институт.

Публиката ќе ја сочинуваат универзитетски професори, млади европски амбасадори, членови на ГО и претставници на меѓународни организации и амбасади. мч/са/

Остани поврзан