• сабота, 27 јули 2024

Дебата за Предлог законот за амнестија и процесот на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица

Дебата за Предлог законот за амнестија и процесот на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Македонско пенолошко друштво денеска организира дебата насловене „Предлог законот за амнестија и процесот на ресоцијализација и реинтеграција на претходно осудените лица во Република Северна Македонија".

На настанот ќе се обратат академици, професори, судии и практичари кои работат во областа на ресоцијализација и реинтеграција на претходно осудените лица.

Целта, како што најавија од Македонско пенолошко друштво, е отворање поширока дискусија за законот за амнестија.

Настанот се одржува во рамки на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици“, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Mакедонското здружение на млади правници во партнерство со Македонското пенолошко друштво, Хелсиншкиот Комитет за човекови права и Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции ИЗБОР. са/вг/

Фото:  Македонско пенолошко друштво

Остани поврзан