• петок, 27 декември 2024

Дебата за предлогот Хисни Исмаили од Алтернатива да биде нов потпретседател на Собранието

Дебата за предлогот Хисни Исмаили од Алтернатива да биде нов потпретседател на Собранието
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија со еден час задоцнување ја започна работата по продолжението по 71. седница. Со потписи на 20 пратеници Хисни Имаили од Алтернатива е предложен за нов потпретседател на Собранието. По предлогот за збор се јавија 19 пратеници. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, меѓудругото, изрази надеж дека Исмаили ќе го почитува Деловникот за работа на Собранието, законите и Уставот. На дневен ред на оваа седница се и годишните извештаи на Народниот правобранител, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година. Исто така, ќе се расправа и за Предлог законот за изменување на Законот за работни односи, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка. На оваа седница, како што е наведено на веб-страницата на Собранието, ќе се разгледува и информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија од 2021 година. На дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка. Претениците ќе дебатираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на државата. Меѓудругото, на дневен ред на оваа седница е и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска. За денеска е закажана и 82. седница на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законoт за виното. ев/са/  

Остани поврзан