• четврток, 26 декември 2024

Дебата за предизвиците во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)

Дебата за предизвиците во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска на платформата Зум, ќе биде домаќин на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)“, во организација на Европското движење. На темата воведни обраќања, како што најави Европското движење, ќе имаат заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски. Во дебатата ќе бидат вклучени претставници на земјоделски здруженија и асоцијации на фармери, универзитетски професори, како и експерти за евалуација на програми за развој на руралната средина од нашата држава и од Словачка. Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој. мс/мд/

Остани поврзан