Дебар утре шест часа без вода
- Директорот на ЈКП „Стандард“ Бурим Каба, за МИА, дообјасни дека станува збор за интервенција врз главниот вентил во градскиот резервоар а во исто време и негово генерално чистење, активност која ја извршуваат еднаш годишно, за што бара разбирање од корисниците.

Дебар, 14 април 2025 (МИА) - Во Дебар, утре, во периодот од 9 до 15 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето поради изведување зафат во градскиот резервоар, со цел подобрување на водоснабдителниот систем, објави Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки - Дебар.
Директорот на ЈКП „Стандард“ Бурим Каба, за МИА, дообјасни дека станува збор за интервенција врз главниот вентил во градскиот резервоар а во исто време и негово генерално чистење, активност која ја извршуваат еднаш годишно, за што бара разбирање од корисниците.
Додава дека прекинот ќе биде само во градот, додека во останатите населени места, селата Рајчица и Долно Косоврасти, каде што се и бањските локалитети, водоснабдувањето ќе биде нормално.
Во градот има над четири илјади корисници, правни и физички лица, од вкупно 5 илјади. вт/лв/
Фото: ЈКП„Стандард“