• петок, 27 декември 2024

Дебарско Езеро и Радика порибени со подмладок на пастрмка и крап

Дебарско Езеро и Радика порибени со подмладок на пастрмка и крап
Дебар, 11 март 2021 (МИА) - Спортското риболовно друштво „Трофта“, концесионер на Дебарско Езеро, денеска ја реализира првата акција на порибување на езерото и река Радика,за годинава. -Во делот кај село Долно Косоврасти, во Радика пуштивме 25 килограми подмладок на пастрмка, со тежина од 10 до 20 грама. Исто толкава количина на подмладок на пастрмка со тежина од 10 до 25 грама беа пуштени и во Дебарско Езеро, чии води се збогатени и со 100 килограми подмладок на крап со тежина од 50 до 400 грама, изјави за МИА Дритан Боцку, претседател на СРД „Трофта“. Додава дека средствата за набавката на подмладокот на пастрмка се обезбедени од платена членалира за 2020 година, додека пак за подмладокот на крап од прибраните средства од „Дебар крап куп 202“ што на Дебарско Езеро се одржа во октомври минатата година. Подмладокот е набавен од „Акватика“ дооел од Неготино. Ова е последователна ваква активност по онаа од средината на ноември кога езерските води беа збогатени со 4.000 единки помладок на крап. -Порибувањето беше благодарение на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство - сектор рибарство, бидејќи езерото нема економски концесионер. Кај градската плажа тогаш беа пуштени 405 килограми односно околу 4.000 единки крап со просечна тежина од по 100 грама, вели Боцку. Најавува и други вакви активности со цел да му се врати епитетот на богато езеро со разновиден рибен фонд, како што тоа беше порано.вт/бт/

Остани поврзан