Дебарското муфтиство и градоначалниците од регионот посакаа лесни и прифатени пости
- Дебарското муфтиство и градоначалниците од регионот посакаа лесни и прифатени пости.
Дебар, 23 март 2023 (МИА) - Дебарското муфтиство и градоначалниците од регионот посакаа лесни и прифатени пости.
- Честит светиот месец Рамазан. Алах да ни ги прифати нашите молитви и сите да имаме благословен месец. Ви посакуваме лесни пости, посакаа од муфтиството.
Додаваат дека во сите педесеттина џамии во општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, преземени се потребните активности со цел верниците да ги одржуваат верските обреди.
-Нека во овие Рамазански денови кај секој човек се потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Нека Аллах Џелешануху ги исполни нашите домови со радост, нашите срца со добрина, нашиот живот со здравје и среќа, стои во честитката на Медат Куртовски, градоначалник на општина Маврово и Ростуше.
На сите верници од исламска вероисповед честитки по повод светиот месец Рамазан, со желби за лесен и прифатен пост упатија и градоначалниците на Дебар и Центар Жупа, Хекуран Дука и Аријан Ибраим. вт/дма/
Фото:МИА архива