• вторник, 24 декември 2024

Дебарското муфтиство и градоначалниците го честитаат почетокот на светиот месец Рамазан

Дебарското муфтиство и градоначалниците го честитаат почетокот на светиот месец Рамазан

Дебар, 10 март 2024 (МИА) - Во пресрет на утрешниот ден, кој го означува почетокот на светиот месец Рамазан, дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, и градоначалниците на трите општини, го честитаа почетокот на светиот месец со желби за прифатени пости и молитви.

Од муфтиството преку објава на Фејсбук, ги информираат верници за деновите и времето на молитвите.

-Првиот ден на постот ќе започне на 11 март (понеделник). На сите верници им посакуваме добро здравје и прифатени пости од Севишниот Аллах. Нека ви е честит и мубарек месец Рамазан, стои меѓу другото во објавата на муфтиството.

Со истите желби светиот месец го честитаа и градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа.

-Ви посакувам светиот месец Рамазан да помине во побожност, мир и солидарност. Им честитам на сите кои постат, возвишениот Бог да им ги прифати делата што тој ги проповеда, посакува градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Почетокот на светиот месец Рамазан, со желби за добро здравје и радост го честиташе и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, посакувајќи „месец со духовно исполнување, солидарност, меѓусебно почитување и заедништво меѓу луѓето“.

-Го молиме нашиот Господар да донесе мир и благосостојба во целиот свет, особено за нашите браќа во Палестина. Да ги заштити обесправените, да ги нахрани гладните и жедните, да им даде трпение на несреќните и да даде милост во срцата на сите. Го молиме нашиот Господар овој месец да го поминеме во пост, молитва и доброчинство. Нека ни е честит светиот месец Рамазан, порача Куртовски.

Честитка упати и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, кој наведува дека со „почетокот на месецот Рамазан, месецот на милосрдието и солидарноста, посака добар пост и благословен Рамазан полн со светлина и мир“.

По едономесечниот пост, првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е на 10 април. Овој голем муслимански празник се слави три дена. вт/мд/

Фото: Дебарско муфтиство

Остани поврзан