• среда, 25 декември 2024

Дебарските пожарникари гаснеа пожар во погранично албанско село

Дебарските пожарникари гаснеа пожар во погранично албанско село

Дебар, 12 септември 2023 (МИА) - Дебарската Територијална противпожарна единица, интервенираше во гаснење на пожар во албанско погранично село.

Според Командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски интервенцијата била по дојава од албанска страна од каде е побарана помош.

- По барање од нивна страна а во согласност со локалната власт на Дебар нашите пожарникари интервенираа во локализирање и целно гаснење на пожар во пограничното албанско село  Војника, кое е на оддалеченост од  16-тина километри. Стануваше збор за пожар на отворен простор, кој можеше да се прошири и на блиските куќи,  рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.

Поради близината  ова не е првпат дебарските пожарникари да интервенираат во пограничните албански области, што, според Мифтароски, го прават од хуман аспект а во согласност со локалните власти од двете страни.

Дебарската ТППЕ освен на територијата на општина Дебар, интервенира и во општина Центар Жупа и подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше. вт/нд/

Фото: ТППЕ Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан