• сабота, 23 ноември 2024

Дебарскиот оперативен штаб состојбата со Ковид-19 ја оцени како сериозна

Дебарскиот оперативен штаб состојбата со Ковид-19 ја оцени како сериозна
Дебар, 16 декември 2020 (МИА) - Општинскиот оперативен штаб на Дебар, со кој раководи градоначалникот Хекуран Дука, епидемиолошката состјба со Ковид-19 ја оцени како сериозна. Според денешните официјални податоци на Министерството за здравство регистррани се нови 12 случаи, а оздравени се осум лица. Вкупниот број заразени во општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата надлежност ги покрива работната едница на Центарот за јавно здравје, е 575 од нив активни на болеста се 170. - Во Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност хоспитализирани се 11 пациенти сите на кислородна поддршка, додека 15 се третираат амбулантски, останатите се лекуваат во домашни услови. Неколку лица се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје, информираа од штабот по седницата. Дука информирал дека Компанијата „Кнауф Радика“ донирала 800.000 денари за изградба на централен систем за кислородна терапија во дебарската болница и додал оти изградбата на ваков систем е од многу голема важност во лекувањето на пациентите со ковид. Од штабот апелираат до граѓаните и деловните субјекти за строго почитување на мерките, носење заштитна маска, одржување физичка дистанца и хигиена, ограничување на движењата, групирањата и собирања, како и поитување на работното време. Од таму посочуваат дека Одделението за внатрешни работи и соодветните инспекцски служби, кои исто така ги покриваат двете општини, ги превземаат сите потребни мерки за спроведување на анти-ковид протоколите. вт/цр

Остани поврзан