• сабота, 23 ноември 2024

Двe лица загинaa и најмалку четири повредени во свлечиште во словачките Татри

Двe лица загинaa и најмалку четири повредени во свлечиште во словачките Татри

Братислава, 12 јули 2024 (МИА) - Двe лица загинaa во кално свлечиште во долина во Словачка, а најмалку четири лица се повредени, соопшти градоначалникот на село Ждјар, Павел Бекеш. Голема група туристи барале засолниште од дождот во планинарска куќа, кога засолништето било погодено од мешавина од вода, кал и остатоци.

Според телевизискиот канал JOJ, се претпоставува дека загинатите се две жени – една од Словачка и една од Полска.

На местото на инцидентот биле испратени екипи од планинската спасителна служба, две амбулантни возила и два спасителни хеликоптери.

Инцидентот се случил во областа Монкова долина, која се наоѓа во планинскиот масив Белјански Татри во северниот дел на Словачка. Популарната туристичка патека која поминува низ долината е затворена поради свлечиштата во областа. Вчера целата северна и централна дел на Словачка беше погодена од бури со обилни дождови. Во областа на Монкова долина властите издале предупредување за грмотевични бури, проследени со град. ссм/

фото: архива

Остани поврзан