Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември
- На сцената на Националната опера и балет вечер и на 2 ноември ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер и на 2 ноември ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
-Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, се вели во соопштението од Националната опера и балет.
Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), а на 2 ноември Наташа Трендафилова Гицев и Валери Љубенко (Украина).
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. сст/аа/
фото МИА архива