• петок, 27 декември 2024

Двоцифрен пораз за македонските фудбалерки на гостувањето во Австрија

Двоцифрен пораз за македонските фудбалерки на гостувањето во Австрија
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација синоќа претрпи убедлив пораз од Австрија. Ова беше натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство 2023. Избраничките на селекторот Кирил Изов на гостински терен беа поразени со 10:0. По првото полувреме Австријките водеа со 4:0, а во вториот дел дадоа уште шест гола. Никол Биља постигна хет-трик. Изов на овој натпревар настапи со следниот состав: Панчурова, Јошевска, Николовска, Милчевска, Живиќ, Мустафа, Шемсовиќ, Андревска, Андонова, Максути, Рочи. зс/

Остани поврзан