• среда, 25 декември 2024

Дворовите на четири училишта во Тетово од среда стануваат „паркинзи”

Дворовите на четири училишта во Тетово од среда стануваат „паркинзи”
Тетово, 13 јуни 2022 (МИА) - Општина Тетово од среда ќе овозможи бесплатно паркирање во дворовите на четири училишта во градот. Идејата е да се намали сообраќајниот метеж со оглед на интензивното доаѓање на иселениците во Тетово. Општина Тетово преку соопштеније ги известија сите граѓаните дека дворовите на основните училишта  „Истикбал“, „Лирија“ и Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во двете згради, ќе бидат отворени за паркирање на возила. Паркирањето ќе биде бесплатно. Целта на оваа одлука според општинските власти е да се намали сообраќајниот метеж во текот на летото, кога вообичаено иселеници доаѓаат на одмор и има поголема фрекфентност низ улиците. Оттаму апелираат до граѓаните со своето однесување да придонесат за помалку сообраќаен хаос. - Сакаме да апелираме и до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постојките за градскиот превоз, исто така и да го користат истиот за да се намали загадувањето на воздухот и да не се предизвикува сообраќаен хаос, велат од Општина Тетово. Од крајот мај пајак службата при Општина Тетово почна да користи уште едно возило со кое се подигаат неправилно паркираните возила низ градот. Обезбедувањето на второ возило е во корелација со препораките на сообраќајната полиција. СВР Тетово бележи 44.592 регистрирани возила само со тетовски регистерски ознаки. ас/оџ/      

Остани поврзан