• среда, 25 декември 2024

Двоен пораз на македонските селекции на шаховската Олимпијада

Двоен пораз на македонските селекции на шаховската Олимпијада
Ченај, 6 август 2022 (МИА) – Македонската машка шаховска репрезентација во седмото коло на Олимпијадата во индискиот град Ченај загуби од Норвешка, предводена од светскиот првак Магнус Карлсен, додека пораз претрпеа и шахистките во дуелот против Словенија. На првата табла на Карслен му се спротивстави најискусниот македонски репрезентативец Звонко Станојоски, кој пружи силен отпор, но на крајот партијата, сепак, заврши со триумф на актуелниот светски првак. И другите македонски шахисти одиграа борбено до самиот крај, при што Тони Лазов оствари победа на третата табла, а Никола Николовски ремизираше на четвртата табла за конечни 2.5-1.5 за Норвешка. Женската репрезентација, пак, која приреди големо изненадување во шестото коло со триумфот над Финска немаше сили за нов подвиг и загуби од Словенија со 3.5-0.5. Половина поен освои Ивана Манова на втората табла. Во осмото коло, македонската машка репрезентација ќе игра против Либан, а женската против Узбекистан. ег/ки/

Остани поврзан