• сабота, 23 ноември 2024

Дводневен средновековен фестивал во Крива Паланка

Дводневен средновековен фестивал во Крива Паланка
Крива Паланка, 8 октомври 2022 (МИА) - На кејот на Крива Река, на летната културна сцена во Крива Паланка, се одржува Средновековен фестивал што Градскиот музеј Крива Паланка го реализира во рамки на проектот „Одржливо искористување на културното наследство на Крива Паланка и Дупница".
Симулација на средновековно село, со средновековни битки,  логори,  работилница за изработка на средновековни шлемови, книговез, иконопис, грнчарство, костими од времето на средновековниот период, стрелаштво, се дел од богатата програма која привлече огромно внимание и кај паланчани, но имаше и бројни туристи од Бугарија и Србија.
Ова е завршна активност од проектот „Одржливо искористување на културното наследство на Дупница и Крива Паланка“ финансиран од ИПА-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија на Европската унија.
Коорганизатор на фестивалот заедно со Градскиот музеј е и Историски поставки „Чигот“ од Бугарија.
Главна цел на фестивалот е искористување на културното наслетство на регионот во функција на привлекување туристи, а содржинскиот концепт опфаќа богатство од програмски активности кои ќе се реализираат и во текот на утрешниот ден, со почеток во 9 часот. ид/хс/

Остани поврзан